"To have another language is to possess a second soul." - Charlemagne
The Secret to a Richer Life, is a homage to my mother tongue, Macedonian, written in Macedonian as part of my Ship30for30 writing streak. The essay can be translated into English using Google translate. https://translate.google.com Happy reading!
Тајна за побогат живот
Се запишав на курсот ship30for30 за да научам како подобро да пишувам кратки состави и да ги објавувам во дигитален формат. Правилата се дека секој ден додека трae ship30for30, јас треба да напишам мал состав и да го објавам на Твитер. Но правилата не кажуваат дека сето тоа мислење и пишивање мора да биде на англиски јазик. Затоа, мојот состав денеска е на македонски, мојот мајчин јазик. Јас мислам дека е ретка привилегија човек да може да се искаже целокупно и писмено на повеќе од еден јазик. И дека таа привилегија, таа можност, е клуч кој овозможува тие луѓе да го доживеат овој живот на некое повисоко ниво, да имаат совршено искуство. Повеќејазични лица не се лимитирани со еден речник. Нивното искуство на овој свет е побогато со тоа што можат да се искажат на уникатен начин. Англискиот јазик нема буквален превод за зборот инает, но јас го знам тоа чувство. Нема превод за печалбарите кои живеат тука и кои јас ги имам сретнато. Нема превод за милозвучен за да опишам како мојата другарка пее. Морам да признаам дека после скоро триесетина години живеејќи во Австралија, ретко имам прилика или потреба да читам, пишувам и зборувам на македонски. Но колку и да е, никој пат не би сакала да го заборавам овој јазик.
Овој јазик е дел од мене. Од мојата фамилија и историја. Овој јазик ми овозможува побогат живот.
🇲🇰
Comments